Расправа за правото на образование во Македонија и неговото остварување

Во организација на Правниот факултет „Јустинијан Први“ Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Народниот правобранител на Република Македонија денеска ќе се одржи стручна расправа на тема „Правото на образование во Република Македонија, неговото оставарување и заштита“.

Притоа, двете институции ќе потпишат и Меморандум за соработка со кој што се продолжува постојната долгогодишна соработка. 

На стручната расправа поздравни обраќања ќе имаат деканот на Правниот факултет Горан Коевски и народниот правобранител Иџет Мемети, а дискусии на темата ќе имаат професорите Борче Давитковски, Ана Павловска Данева, како и заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска Мустафа.

 

 

 

26.05.2017 - 08:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега