Зорица се шокирала кога и се јавиле од училиште: Наставничката удрила шлаканица на нејзиното дете

Ученичка од трето одделение од Основното Училиште "23. Октомври" во Србија, А.Л. добила шлаканица од својата наставничка, Тамара Н. откако се изгубила со едно другарче. 

Мајтата на несреќното девојче, Зорица Личинар, за српските медиуми вели дека има докази и медицинска документација дека наставничката ја удрила нејзината мала ќерка среде улица. Настанот се случил на 20. мај а родителите веднаш пријавиле во полиција, бидејќи како што велат недозволиво е еден педагог и просветен работник да се однесува така.

- Како можела да дозволи дете да се изгуби, а како потоа да го удри?, вели мајката.

Кога тргнале на екскурзија, малата А.Л. и другарката биле последни фатени за рачиња во колоната, а сите наставници биле на чело на колоната наместо да се распоредат секаде каде има деца. Децата се збуниле од група туристи и се изгубиле, а епилогот бил страшен. Учителката хкога ги нашле им удрила шлаканица. 

Родителите очекуваат да се истера правдата и велат ќе направат се што можат.

 

 

 

26.05.2017 - 08:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега