Ахмети средба со Амбасадорот на САД, Џес Бејли

Претседателот на Демократсата Унија за Интеграција се сретна со Амбасадорот на САД во Скопје, г.Џес Бејли.
 
Лидерот Ахмети и Амбасадорот Бејли разговараа околу формирањето на новата реформска Влада и за политичката ситуација во земјата и во регионот.
 
Г.Ахмети истакна дека ДУИ е посветена на реформите во земјата, почнувајќи силно од реформирањето на судството и владеењето на правото.
 
Преку спроведување на реформите, Македонија ќе помогне во враќањето на меѓународниот фокус и што поскоро интегрирање на земјата во НАТО и започнување на преговорите за членство во Европската Унија.
 
Други приоритети на новата Влада остануваат и добрите меѓуетнички односи и Охридскиот Договор заедно со подобрувањето на животниот стандард, економскиот развој и отварање на нови работни места. 
 
Ахмети изрази уверување дека идната недела, Македонија ќе има нова реформска влада.
 

 

 

26.05.2017 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега