Во Македонија има 8.000 зависници од дрога - една четвртина се под третман

Зависниците од наркотици се уште немаат институција што може да ги лечи, велат дел од лекарите. Според нив, кај нас има 8.000 зависници и претставува намалување во споредба со 2010 кога биле регистрирани 10.000.

Речиси 8.000 зависници од дрога моментално има во Македонија, а близу една четвртина од нив се вклучени во програмите за третман и грижа. Според докторите, бројката на проблематични зависници кои постојано преку крвта ја употребуваат - е намалена во споредба со 2010 година кога биле регистрирани околу 10.000 зависници. 
Во програмите за третман и грижа се 23% од зависниците што се смета за средна покриеност, барем во регионов.
 
Меѓу зависниците во Скопје, за сега нема регистрирано малолетници, но во Битола има и мала бројка на лица под 18 години, но не под 16.
 
- Доколку има специфични програми за деца, сигирно ќе ги отвориме вратите за прием на малолетните лица кои упоотребуваат супстанции. Конвенциите велат дека децата мора да се заштитат, односно превенцијата мора да работи. За жал, не во Македонија, во цел свет превенцијата 100% не работи. Покрај развивање на превентивните програми мора да мислиме и на третмански програми, нагласи д-р Лилјана Игњатова, претседател на Комисијата за борба против недозволено производство на дроги.
 
Таа потенцира дека во Македонија има дефицит на кадрите кои работат во центрите, затоа што, како што рече, здравствените работници имаат отпор да работат.
 
- Тие не се атрактивни места за работа и потребно е да имаат подготвеност за работа под притисок. Смета дека Медицинскиот факултет треба да развие специјализација по адиктологија, Центарот да се издвои како самостојна институција која ќе има автономија и ќе ги развива сите програми што се потребни, додаде Игњатова.
 
Според Игњатова зависниците и натаму се соочуваат со дискриминација и имаат проблем со наоѓањето работа. Притоа, лекарите особено оние помладите, не се воодушевени од нив и затоа има постојан дефицит на стручни лица во установите. 
 
Министерството за здравство пред две години подготвило Протокол за лечење на малолетни, но тој никогаш не стапил на сила.
 
Најмалото дете кое инјектира хероин во Македонија, е 8-годишно девојче од Скопје.  
 
Инаку, евалуацијата на програмите за третман и грижа на зависници е спроведена според најновите меѓународни стандарди, а истражувањето поддржано од Светската здравствена организација. Во истражувањето биле вклучени владини институции, граѓанскиот сектор, приватни здравствени организации и самите корисници на програмите.
 

 

 

26.05.2017 - 18:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега