Поранешниот премиер сѐ уште е во болница никој не презеде одговорност за нападот

По синоќешната операција е на интензивна нега и таму ќе остане во следните денови. Експлозијата во неговиот автомобил откако отвори коверт со експлозивен материјал му нанесе повреди на долниот дел од телото, а полесно беа повредени неговиот возач и совозачот – члена неговото обезбедување. За тероризам говорат сите во Грција, и медиумите и политичарите кои го осудија нападот врз Лукас Пападимос. Грчката полиција работи на расчистување на случајот и проверува дали можеби постојат и други пратки со експлозивни материјали. Ковертот кој експлодираше во автомобилот во движење на Пападимос, неогицијално содржел мала количина експлозивен материјал за да може да ја помине и да не биде откриен при рендгенската контрола. За нападот сѐ уште никој не презел одговорност, но испраќање коверти и пакети со експлозиви до грчки и странски политичари е карактеристично за анархистичко – Пападимос во стабилна состојба – за нападот сѐ уште никој не презел одговорност.

По обидот за убиство, поранешниот грчки премиер е сeуште во болница, но во стабилна состојба и вон животна опасност. Пред 3 месеци вакви пратки стигнаа до германскиот министер за финансии и седиштето на ММф во Брисел, а во филијала на грчката пошта во Атина беа пронајдени уште 8 коверти со експлозиви. Тогаш, одговорноста на презедоа „огнените јадра“, но најавија и нови напади.

Лукас Пападимос беше технички премиер на Грција од ноември 2011 до мај 2012. Додека пак последен пат, обид за убиство на премиер во Грција имаше пред 84 години, кога во 1933та непознати лица отворија оган врз автомобилот на тогашниот премиер Елефтериос Венизелос.

 

 

 

26.05.2017 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега