Газдата им се заканил дека ќе копа по нивните лешеви ако избегаат

Емисијата „Проверено“ на Нова ТВ од Хрватска носи приказна за трговијата на луѓето и робовладетелството во 21 век. Репортерот Иван Чокрало на загребачката Главна железничка станица се најде среде голема полициска акција на истражување на случајот со трговијата со луѓето. Момче и девојка од БиХ, работеле на таканареченото хуманитарно здружение „Љубов, вера, надеж“, за кои требало да продаваат фигури во трговските центри и да собираат донации за хуманитарни цели.

Иако на почеток се чинело дека се се одвива во најдобар ред, наскоро почнува да ги искористува, а следеа и закани и физичко насилие. Ги терела да стојат на нозе по 13 часа дневно, со минимална пауза од 15 минути и минимална накнада за јадење, а кога седеле, следело малтретирање. Ги сместиле во куќа без струја и вода, а дневно добивале и по 20 куни (330 динари) за храна и пијалоци.

Забрането им било каква било комуникација со роднините и пријателите од БиХ. Донациите кои ги собирале наместо за хуманитарни цели, иделе кај газдата во џеб, а освен во Загреб, ги собирале и во Вировитици, Кутини, Нова Градишка, Бјеловар, Вуковар и Осијек.

 

 

 

26.05.2017 - 21:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега