Јелена постхумно наградена за животно дело - ќеркичката во солзи ја подигнала наградата

-„Јелена живела за музиката, а нашата ќеркичка сонува да биде како неа кога ќе порасне. Ние не се предаваме.“ - вели Зоран, сопругот на убиената пејачка, чиј убиец до ден денес не е познат.

Нивната 6- годишна ќеркичка, ја примила наградата во името на својата мајка.

-„Јана, овој пехар и диплома ги доби твојата мајка за допринос во музиката, а тебе ти ја дадоа бидејќи ти си нејзина наследничка и ако се занимаваш со музика ќе освојуваш награди како твојата мајка. Ова е за спомен, за животното дело на твојата мајка.“- рекол сопругот на Јелена, на својата ќеркичка, која со вооушевување гледала на диломата и пехарот.

Зоран додаде дека Јелена секогаш ќе живее во срцата на нејзиното семејство, но и дека тие нема да се откажат додека не ја истераат правдата до крај.

 

 

 

 

26.05.2017 - 23:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега