Робин О’Нил: За мир на Балканот Македонија веднаш во НАТО

Силно ја поддржувам иницијативата на поранешниот премиер Никола Груевски за Македонија да стане членка на НАТО без понатамошно одлагање. Македонија веќе се има истакнато со рекордна поддршка на операциите на НАТО, дури и без да се биде членка на Алијансата, како и членство во НАТО, вели за РСМ поранешниот медијатор во македонско-грчкиот спор, Робин О’Нил.

Вели дека за мир на Балканот, Македонија мора веднаш во НАТО.

-Со целосното членство во НАТО, Македонија ќе игра важна улога во обезбедувањето на стабилноста на балканскиот регион. Секако, со зачленувањето на Македонија во НАТО ќе отпаднат сите идеи и апетити за големи држави или други сценарија, односно, идеи  за прекројување на геополитичката мапа на Балканот и Македонија, истакна О’Нил.

Според него, регионот страдаше премногу во изминатите 25 години со обидот да се прекројуваат геополитичките мапи на Балканот, а тоа, како што вели, води кон тензии или уште полошо, насилства и страдања.

-Привремената спогодба меѓу Македонија и Грција во 1995 година е предвидено експлицитно дека, додека на прашањето за името на Македонија останува нерешено, Грција не треба и не смее да проговара Македонија да стане членка на НАТО или други меѓународни организации, доколку го направи тоа во она што се нарекува нејзината привременото име ПЈРМ, вели О’Нил, додавајќи дека верува оти Македонија сега треба да аплицира за членство во НАТО како ПЈРМ и да ги притисне сите други членки на НАТО да се договорат и да не се дозволи какво било попречување од страна на Грција  на патот за полноправното членство на Македонија во Алијансата.

Поранешниот медијатор вели дека ова прашање е многу важно за една членка на НАТО, Грција да се спротивстави на досегашното попречување на Македонија да стане членка на евроатланските интеграции, како што е во случајот  полноправно членство во НАТО под референцата ПЈРМ.

-Се разбира, прашањето за севкупното прифаќање на меѓународно име Република Македонија и натаму останува да се реши, но сега никој не смее да дозволи и да  застане на патот на Македонија да стане членка на НАТО под референцата ПЈРМ, истакна О’Нил.

 

 

 

27.05.2017 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега