Дваесет и втори Конгрес на СДСМ - еве што порача Заев

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска го одржува дваесет и вториот Конгрес.

Претседателот на партијата Зоран Заев, на отворањето порача дека сега се отвора можност за обнова на општеството и дека со сета сила ќе се бори против поделбите кои што го ослабнаа општеството.

- Ова не е крај, ова е нашиот почеток. Имаме можност да изградиме едно и единствено, заедничко општество за сите нас. Партијата доби поддршка од граѓаните. Граѓаните одлучија на избори да градат партнерство со една партија, базирано на принципи, одговорност, демократија. Така победивме и за тоа сме им должни на граѓаните. Посветено ќе работиме и ќе се потрудам да ја оправдаме вашата доверба и овозможиме еднакви шанси за сите во владата и во општеството, изјави Заев.

Посочи дека имаме големи предизвици како држава и како граѓани и дека само неполитизирано општество води кон економски развој.

- Ќе работиме на создавање, а не на рушење. Тоа се нашите стратешки определби: демократија, отвореност, слобода, просперитет, еднакви можности. Наши партнери се Европската унија и НАТО и наша цел е да ги обезбедиме евро-атлантските перспективи, изјави Заев.

 

По него во отворениот дел од конгресот се обратија претставници на сестринските европски партии.

Во затворен дел ќе следи избор на претседател, заменик претседател, членови на централниот и на надзорниот одбор.

На Конгресот присуствуваат поранешниот претседател Бранко Црвенковски, гости од Европскиот парламент и гости од сестрински партии од соседните држави.

 

 

 

27.05.2017 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега