Беса денеска одлучува дали ќе влезе во новата Влада

Движењето Беса за денеска најави прес-конференција на која ќе соопшти дали ќе влезе во новата Влада која треба да ја состави мандатарот Зоран Заев. 

 Во 13 часот “Беса” има Централен комитет кој треба да ја донесе оваа одлука, а истата на јавноста ќе и биде соопштена во 15 часот на прес-конференцијата.

Инаку, “Беса” му ги доставила своите барања на мандаратот Зоран Заев но некои од барањата биле неприфатливи за СДСМ како барањето за редефинирање на државата.

Вчера и ДУИ ги даде своите предлози за министри и виепремиери кои треба да седнат во владините фотелји. 

На синоќешниот состанок во Мала Речица, Ахмети ги предложил Хазби Лика за вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор, Бујар Османи за вицепремиер за евроинтеграции, Булент Салиу за министер за правда, Садула Дураку за министер за екологија.

Предложени се Крешник Бектеши за министер за економија и Рамиз Мерко за министер без ресор.

 

 

 

 

28.05.2017 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа