Ахмети на средба со Заев - се очекува и Зијадин Села
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, веќе пристигна на Бихаќка на средба со мандатарот за новата Влада и лидер на СДСМ, Зоран Заев.
Ахмети и Заев треба да разговараат за неговиоте предлози за министри и вицепремиери кои треба да седнат во владините фотелји. Како што дознава Плусинфо, на средбата се очекува да се појави и Зијадин Села лидерот на Алијансата на Албанците, која ќе биде дел од владината коалиција.
Вечерва заседава Централниот одбор на СДСМ.
28.05.2017 - 14:51
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа