Столтенберг телефонски му честитал на Заев

Генералниот секретар на Северно-атлантската алијанса Јенс Столтенберг, лиферуваше соопштение до јавноста во кое истакна дека утринава телефонски разговарал со новоизбраниот македонски премиер Зоран Заев на кого му честитал на синоќешниот избор. Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Столтенберг истакна дека на Заев му порачал дека НАТО има интерес од стабилна Македонија и стабилен Балкан.
 
- Денеска разговарав со премиерот Заев и му честитав на неговата нова одговорност. Во разговорот, ние се согласивме за важноста на решавањето на итно потребните реформи, вклучително и за добро владеење и владеење на правото. Овие реформи ќе бидат од корист за сите граѓани на БЈР Македонија, а и понатаму ќе ги унапредат евроатлантските аспирации на земјата. НАТО има интерес во стабилна, демократска и просперитетна земја, како дел од стабилен регион на Западен Балкан, истакнува Јенс Столтенберг во соопштението до јавноста.
 
На крајот, генералниот секретар на НАТО порача дека "како Скопје ќе прави напредок, така НАТО ќе продолжи да обезбедува поддршка, вклучително и преку својата канцеларија за врски на во главниот град".
 

 

 

01.06.2017 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега