Олга Панго назначена за вршител на дожност директор на МОБ

Нов вршител на дожност директор на Македонската опера и балет од денеска е назначена познатата балерина и кореограф Олга Панго, досегашен уметнички раководител на балетскиот ансамбл во МОБ. 

МОБ информира дека одлуката е донесена од страна на Министерството за култура.

Оваа функција до 25 мај ја вршеше оперскиот пејач Игор Дурловски, кој си поднесе оставка.

 

 

 

01.06.2017 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега