ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до СДСМ за нападот врз Тодоров

Утрово ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до медиумите ги обвини СДСМ за хајка против партијата и нејзиното членство со цел заплашување.

Од ВМРО ДПМНЕ велат дека СДСМ го поттикнала нападот врз Тодоров.

– Вчера јавноста ги виде на дело резултатите од лагите, омразата и гневот кои СДС и инсталациите на Сорос во граѓанското општество со години свесно ги подгреваат против ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ ги повика надлежните институции во најкус можен рок да ги расчистат случаите и соодветно санкционираат сторителите, поттикнувачите, помагачите и нарачателите.

 

 

 

02.06.2017 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега