ОМД ја поздравува мирната транзиција на власта во Македонија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ја поздравува мирната транзиција на власта што се случи во Македонија и и посакува на новата Влада многу успех во извршувањето на нивните должности.

- Следејќи ја 13-годишната практика, ОМД ќе продолжи да соработува и да работи со секоја влада на власт со цел афирмација на Македонија како уникатен портал во Југоисточна Европа и регионален лидер по својата стабилна социо-економска политика. ОМД е сигурна дека стекнувањето на овој епитет е возможно и ќе се достигне само со напорна работа и реформи преку одговорно владеење на новата македонска Влада со исклучително владеење на правото и силна слободно пазарна економија, се наведува во пишаното соопштение од ОМД.

ОМД, како што се додава во соопштението, ќе работи активно новата Влада да го почитува суверенитетот, унитарниот карактер и територијалниот интегритет на македонската држава.

Од ОМД веруваат дека улогата на опозицијата е подеднакво инструментална во одржување на владините институции, одговорни и транспарентни за јавноста.

- ОМД ќе продолжи да го застапува својот цврст став и поддршка на Македонија и нејзиното полно-правно членство во НАТО и во ЕУ, без промена на името, идентитетот, јазикот, и културата на Македонија. ОМД го потенцира и повторува својот долгогодишен став за повлекување на македонската Влада од преговорите предводени од ОН за нашето уставно име кои се целосно спротивни на правото за сопствен идентитет и самоопределување, се наведува во соопштението од ОМД.

 

 

 

02.06.2017 - 10:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега