ДУИ и ДПА се договорија да ги хармонизираат односите

Лидерот на ДУИ Али Ахмети и лидерот на ДПА Мендух Тачи, вчера седнаа на иста маса во тетовски ресторан и се договорија дека треба да ги хармонизираат односите и да соработуваат за спроведување на Пржинскиот договор.

- Договорот од Пржино и неговото спроведување се важни фактори за државата, и ќе биде важно опозицијата да е многу конструктивна. Без опозиција договорот од Пржино не може да се реализира, изјави Ахмети, пренесе Телма. Тој додава дека како Албанци сите сакаат влез во НАТО, и се за постигнување компромис.

Тачи изјавува дека ништо не се кри од јавноста и дека средбата со Ахмети била конструктивна.

- Поддршката која ја даваме за ДУИ е бланко поддршка бидејќи сакаме што поскоро да сме дел од НАТО и ЕУ, а тоа без спроведување на договорот од Пржино не е возможно.

Тачи информира дека сакал да се види и со БЕСА но тие сакале средба без медиуми. 

 

 

 

 

12.06.2017 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега