Заев во Брисел се сретна со Туск и Могерини
Македонскиот премиер Зоран Заев во рамки на првата официјална посета на Брисел, поладнево се сретна со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и со високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на ЕК, Федерика Могерини.
Заев, придружуван и од вицепремиерите Бујар Османи и Радмила Шекеринска, како и министерот за надворешни работи Никола Димитров. во Брисел треба да се сретне и со комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, а потоа во седиштето на НАТО и со генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
Еврокомесарот Јохане Хан, денеска на прес-конференција во Брисел, одржана пред неговата средба со Заев, рече дека земјата конечно ја надминала политичката криза и дека главна тема во разговорите со Заев ќе бидат Итните реформски приоритети.
- ПЈРМ конечно, со продолжена поддршка на ЕУ, ја надмина политичката криза преку фер избори и формација на нова Влада и сега се надеваме дека ќе се вратат на дневно-политичката рутина. Денеска со премиерот Заев ќе разговарам за имплементација на Итните реформски приоритети, порача кратко Хан на прес-конференција посветена на случувањата на Западниот Балкан.
Пред посетата премиерот Заев, прес-службата за информирање на Владата, соопшти дека целта на првата посета на Брисел по преземањето на должноста е Владата да ја потврди својата целосна посветеност на интеграците во ЕУ и НАТО, како стратешка цел на земјата и да ги презентира реформските приоритети во владината агенда за враќање на државата на патот на евроатланските интеграции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа