ВМРО-ДПМНЕ бара санација на фасадата на Министерството за култура

ВМРО-ДПМНЕ бара од министерот за култура Роберт Алаѓозовски да соопшти дали и кога ќе преземе мерки за санација на објектот во кој е сместено Министерството за култура. Пратеникот Крсте Јовановски го обвини за негрижа кон културното наследство зашто изјавил дека нема да се санира фасадата на Министерството на кое стојат боите од Шарената револуција и побара министерот да ја преиспита одлуката.

- Зградата во која е сместено Министерството за култура е објект кој датира од 30-тите години на минатиот век, со третман на заштитено значајно културно наследство, кое како такво државата има обврска да го одржува во форма каква што била во моментот на прогласување за објект кој е значајно културно наследство, рече Јовановски на прес-конференција, додавајќи дека непостапувањето и негрижата за културно наследство е кривично дело. 

Пратеникот додаде дека државата води кривично судски процес против сторителите, а Министерството за култура во постапка побарува штета за санирање на објектот во износ од околу 500.000 денари, сума која, рече тој, е потребна за санирање на објектот врз основа на официјална проценка на Бирото за судски вештачења. 

- Ова значи дека министерот Алаѓозовски свесно со оваа негова изјава сака да најави и повлекување на побарувањето за штета кое го има Министерството за култура за санација на објектот. Тоа само по себе е кривично дело согласно член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија за злоупотреба на службена положба и овластувања со што се нанесува штета на буџетот за сумата која се побарува, рече Јовановски.

 

 

 

13.06.2017 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега