Телеграма со сочувство од Груевски по повод смртта на Хелмут Кол

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски упати телеграма со сочувство до канцеларката на Сојузна Република Германија, Ангела Меркел по повод смртта на  поранешниот германски канцелар Хелмут Кол.

- Со жалење и тага ја примив веста за смртта на поранешниот германски Канцелар Хелмут Кол. Ова преставува загуба за целиот германски народ и за германската држава, како и загуба за Европската Унија во чија изградба и раст се вгради со своето дејствување и работа, стои во телеграмата.

Кол, се посочува, беше промотор на ширење на европската интеграција кон источна Европа, како и архитект на еврото и почитувач на десничарските вредности.

- Обезбеди и напредок и развој на Германија и на Европа со што се запиша меѓу најмаркантните политички фигури од минатиот век. Кол имаше и значајна улога во стекнувањето на независност на Република Македонија, подржувајќи го процесот на нејзино осамостојување и натамошен развој, се наведува во телеграмата од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски. 

 

 

 

16.06.2017 - 22:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега