Земјотрес ги испаничи охриѓани - сеизмолошката станица со детали

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 20.6.2017 година регистрира земјотреса чиj епицентaр се наоѓа во охридското епицентрално подрачје.

Земјотресот се случи во 15 часот и 10 минути со Рихтерова локална магнитуда 3.6

 

Според досегашните податоци,  земјотрес беше почувствуван во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од V степени според Европската Макросеизмичка Скала, во Битола, Кичево и Дебар со интензитет од IV степени а во Скопје и Велес со интензитет од III степени според истата скала.

 

 

 

21.06.2017 - 08:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега