Денеска почнува летото - не чекаат пеколни температури

Во Македонија и на северната хемисфера на Земјата изутринава во 06 часот и 24 минути почна летото. Во истовреме, на јужната полутопка настапи зимата.

Денешниот 172 ден е најдолг во годината и ќе трае 15 часа и 14 минути.

Летото ќе трае 94 дена, а ќе заврши на 22 септември кога почнува есента.

Првиот летен ден во Македонија, според прогнозата на синоптичарите, ќе биде сончев со мала облачност и слаб, претежно северен ветер. Попладне на планините некаде ќе има умерено наоблачување. Максималната температура ќе се движи од 27 до 34 степени, а УВ-индексот ќе има вредност 9.

Прогнозите за летово се дека ќе имаме пеколно лето. 

 

 

 

21.06.2017 - 08:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега