ВМРО-ДПМНЕ: Пратениците на СДСМ да ги поддржат измените за породилно отсуство

Пратеничката Нола Исмајлоска – Старова денеска изјави дека новата Влада не ги исполнува предизборните ветувања дадени пред граѓаните и оти се обидува да ги задуши граѓанските иницијативи.

Осврнувајќи се на граѓанската иницијатива за продолжување на породилното отсуство врз чија основа се поднесени и предлог законски измени, Исмајлоска рече дека Владата нема капацитет да им излезе во пресрет на барањата на граѓаните и да ги исполни дадените ветувања.

– Имено, вчера во медиумите се појави извадок од Нацрт-записникот од Седмата седница на Владата на Република Македонија, каде новата министерка за труд и социјална политика во владата на СДС, Мила Царовска, информира дека треба да се завземе негативен став и го одби барањето за продолжување на породилното отсуство поради наводни финансиски импликации. На овој начин, Царовска и СДС очигледно се обидуваат на секој можен начин да ја задушат граѓанската иницијатива, иако во предизборието на големо ветуваа дека токму граѓанските иницијативи секогаш ќе ја имаат нивната поддршка, рече Исмајлоска.

Таа апелираше до пратениците на СДСМ и нивната коалиција да опстојат на нивните предизборни ветувања и да ја поддржат намерата за измена на Законот за работни односи за продоложување на рокот за породилното отсуство на мајките.

 

 

 

21.06.2017 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега