Претседателот Иванов на средба со претставниците од Сојузот на здруженијата на пензионерите

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска прими претставници од Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, соопшти кабинетот на шефот на државата.

Претставниците на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија го информираа претседателот Иванов за предизвиците со коишто се соочуваат, како и за постигнатите резултати во однос на подобрување на животниот стандард на пензионерите во Република Македонија.

Македонскиот претседател изрази поддршка за активностите на пензионерите како во рамките на домот и семејството, така и во пошироката заедница, и нагласи дека преку нивното учество во голем број иницијативи, со своето знаење, искуство и интелектуален капацитет, даваат значаен придонес во општествените текови.

На средбата, претседателот на Сојузот, Драги Аргировски, му додели плакета на претседателот Иванов, во знак на благодарност за поддршката во активностите и афирмирањето на статусот на пензионерите во Република Македонија, како и монографија подготвена по повод 70 години од основањето на Сојузот како самостојна и автономна организација.

 

 

 

21.06.2017 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега