Првиот ден од летото ни донесе пеколни температури, но еве што не чека попладне

 Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност и со слаб со умерен северозападен ветер. Попладне можна е локална појава на краткотраен дожд и грмежи.

Температурата ќе се движи од 27 до 36 степени.

УВ-индексот ќе има вредност 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерена облачност и со слаб со умерен северозападен ветер. Температурата ќе достигне до 33 степени.

Во сабота ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи, особено во западните делови од земјата.

 

 

 

21.06.2017 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега