Секој ден во светот се отвораат 18.000 шишиња македонско вино

Македонија дојде во ситуација да го зголеми драстично процентот на извоз на македонско вино во шишиња, за разлика од претходно кога доминантен беше извозот на вино во цистерни, истакна на денешната панел дискусија во организација на ВМРО-ДПМНЕ, поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски.

-Секој ден ширум светот се отвораат 18.000 шишиња македонско вино. Секој ден, насекаде. За да се достигне тоа потребна е макотрпна работа, пред се стратегија за да може да се прошират површините под лозови насади, да се избере добро грозје, да се има квалитетен род на грозје и да се имаат преработувачки капацитети. До 2006 година имаше 4-5 винарски визби во Македонија, сега има 72 винарски визби. Но не е доволно тие да бидат само изградени, туку е мошне важно да има добри стручни луѓе кои ќе знаат да го произведат виното кое ќе биде конкурентно на надворешните пазари, вели ДИмовски.

Македонија иако е винарска земја, е една од државите во регионот која има најмала потрошувачка на вино по глава на жител на годишно ниво.

 

 

 

22.06.2017 - 19:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега