Ова е најубавата вест за викендот

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 26 јуни 2017 година (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.

Временската прогноза им оди од рака па така на 24,25 и26 јуни температурите нема да се спуштат под 30 степени.

Нареден неработен ден по овој е 2 август.

 

 

 

23.06.2017 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега