Димков: Ги повикувам СДСМ и Заев на избори за да провериме дали анкетата на Брима е точна

 

Трајко Димков од ВМРО-ДПМНЕ вели дека народот не знае кој ја нарачал анкетата и доколку е точна го охрабрува СДСМ да излезе на избори.

-Го охрабрувам СДСМ и Зоран Заев нека излезат на локалните избори и да провериме дали е точна таа анкета, вели Димков.

Инаку анкетата на Брима доаѓа само неколку дена по скандалозните изјави на Заев во Бугарија и играњето со историјата на македонскиот народ. Во обид да се затскрие договореното во Софија и ставањето на Илинден во кошот на бугарски празници, што предизвика огромен револт кај македонскиот народ, СДСМ и Заев преку измислена анкета сакаат да прикажат дека имаат најголема доверба од граѓаните.

Доколку тоа навистина е така, тогаш Заев и СДСМ немаше да бегаат од локални избори и нивно одлагање по секоја цена, но и самите знаат дека ваквиот висок рејтинг на хартија е нереален.

 

 

 

23.06.2017 - 23:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега