Донирана хуманитарна помош обезбедена преку кампањата „Македонија со љубов за Алепо“

Хуманитарна помош и облека и обувки за 350 деца од пет центри за деца бегалци без родителска грижа сместени на граничната зона во Турција со Сирија, обезбедени преку кампањата „Македонија со љубов за Алепо“.

Претставници на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и „Легис“, кои се организатори на кампањата, од 20-22 јуни годинава лично ги посетиле камповите.

Претседателот на „Меѓаши“ Драги Змијанац, рече дека со акцијата „Македонија со љубов за Алепо“ македонските граѓани покажале дека се хумани.

– Не само што испратиме помош и поддршка, туку и љубов на лице место, во пограничниот град Рејханли каде 90.000 луѓе згрижија околу 120.000 соседи од Сирија погодени од војната. Посетивме пет кампови на деца без родителска грижа и неколку семејства, рече Змијанац на денешната прес-конференција.

Посочи дека одзивот за акцијата бил супер и имале активности во Скопје, Дебар, Гостивар, Тетово, Струга и Велес.

– Беа вклучени градовите и нивните училишта. Собравме околу девет илјади евра. Нашите трошоци ги покривме од нашите организации, а целата сума на собрани средства од граѓаните ја префрливе директно на турската организација „Ихаха“, каде преку договор со нив, обезбедивме хуманитарна помош за децата, изјави Змијанац.

Хуманитарната помош е обезбедена преку средставата собрани од граѓаните на Република Македонија со кампањата „Македонија со љубов за Алепо“, организирана од „Легис“ и Детската амбасада Меѓаши, од февруари 2017 година.

 

 

 

24.06.2017 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега