Врие на Богородица, километарски колони - автомобилите чекаат со часови

На граничниот премин „Богородица“ од изутрината за влез во Грција се чека и по неколку часа, а се формирани и колони возила, главно со македонски и српски регистарски ознаки.

Колоните на македонска страна почнуваат уште пред казиното „Принцес“, а со возила во шест колони е исполнет и меѓуграничниот ростор. 

 

Според проценката на македонските погранични служби, за влез во Грција чекаат меѓу 10 и 15 илјади луѓе. И македнската и грчката погранична служба работат нормално и со полн капацитет, но велат дека е преголем приливот на луѓе и возила поради продолжениот викенд и годишните одмори. Очекуваат состојбата да се нормализира во текот на поладневните часови.

АМСМ соопшти дека е зголем интензитетот на сообраќај на патните правци и препорачува внимателно возење.

 

 

 

24.06.2017 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега