Жолта фаза низ цела Македонија - невреме па уште поголем пекол

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. УВ-индексот ќе има вредност 9. Жолта фаза ќе биде во скоро сите региони, освен велешкиот, прилепскиот и битолскиот.

 

Утринската температура ќе се движи од 15 до 19, а дневната  од 29 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. 

Температурата ќе се движи од 19 до 36 степени.

До крајот на месецот продолжува периодот на многу топло време, со мaксимални температури насекаде над 30, а вдолж Повардарието и над 35 степени. До вторник во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд и грмежи, потоа времето ќе е сончево и понатаму многу топло.

 

 

 

25.06.2017 - 09:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега