Додека ние се „пржевме" силно невреме во делови од Македонија - еве каде беше најтопло

Највисока температура вчера е измерена во Демир Капија и Гевгелија од 37 степени. Следува Струмица со 35, Скопје 34, Штип,  Битола и  Виница 33, Тетово, Прилеп и Претор 32, Охрид и Тополчани 31, Крива Паланка, Пожаране и Берово 30, Ѓуриште 28, Маврово 27 и Лазарополе 25 степени.

Времето претпладне беше сончево со мала до умерена облачност која се преместуваше кон југ. Од пладневните часови се појавија први грмежи во мавровскиот регион и потоа  Кичевско. Попладнево долж Повардарието започна да засилува северен ветер, а на места во југозападните делови имаше пороен дожд и грмежи и само во Претор наврнаа дури 10 литри на квадратен метар дожд. Нестабилноста, според најавите на УХМЕ, ќе се намали во вечерните часови. Облачноста ќе се намали и преку ноќта ќе преовладува претежно ведро време. Преку ноќта ќе продолжи да дува северен ветер, но со слаб интензитет.

Денеска времето ќе биде сончево  и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе изнесува 9, а температуата ќе се движи од  31 до 38 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево  топло со мала до умерена облачност со температура до 36 степени.

До крајот на месецот продолжува периодот на многу топло време, со мaксимални температури насекаде над 30, а вдолж Повардарието и над 35 степени. До вторник во попладневните часови ќе има услови за појава на локален пороен дожд и грмежи, потоа времето ќе е сончево и понатаму многу топло.

 

 

 

25.06.2017 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега