Османи и Димитров на работен појадок со Прибе

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Министерството за надворешни работи ќе имаат работен појадок со експертот на Европската унија Рајнхард Прибе, соопшти Министерството за надворешни работи (МНР).

Од МНР истакнуваат дека, како што беше најавено од страна на еврокомесарот Јоханес Хан, Прибе доаѓа во Македонија со цел да помогне во спроведувањето на реформите поврзани со Итните реформски приоритети.

 

 

 

27.06.2017 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега