Десетта седница на Владата

Владата на РМ денеска ќе ја одржи својата десетта седница.

Согласно предложениот дневен ред се очекува Владата на денешната седница да расправа по одредени состојби и напредок во процесот на европска интеграција, за степенот на Користење и имплементација на фондовите од ЕУ, како и Статус на реализација на приоритетите на РМ за влез во НАТО и Статус на реализација на Рамковниот договор. Владата на денешната седница ќе расправа по Информацијата за преземени активности во насока на реализација на проектот за поддршка на преработувачката индустрија, а ќе бидат разгледани и повеќе информации за тековни активности од областа на угостителството. Владата ќе разгледа и повеќе иницијативи од интерес на граѓани и здруженија, како  и за кадровски и други прашања и предлози.  

 

 

 

 

27.06.2017 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега