УХМР објави вонредно предупредување: Македонија во жолта фаза - невиден пекол

Поради изразено југозападно воздушно струење и прилив на многу топла воздушна маса, во наредните денови ќе биде уште потопло со натпросечни температури на воздухот. Од четврток до сабота во поголем дел од земјава максималната температура ќе надмине 35, а вдолж Повардарието и 40 степени. Во четврток ќе дува засилен југозападен ветер.

Во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник, поради нагол продор на влажна и посвежа воздушна маса од север, ќе има врнежи од дожд и грмежи. Од понеделник дневната температура значително ќе опадне, за повеќе од 10 степени во однос на претходните денови.

 

За денешниот ден издадено е предупредување од жолта фаза на најголемиот дел од Македонија а во јужниот дел од течението на Вардар и предупредување за можно невреме. Во текот на утреешниот ден цела Македонија ќе биде во жолта фаза како предупредување за опасност од високи температури.

 

 

 

27.06.2017 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега