ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да покаже одговорност и да го исклучи Дудуш од пратеничката група и од партијата

ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ брани и застапува двојни аршини, а изјавата на нивниот пратеник дека членската книшка од оваа партија е втора лична карта во државава е еклатантен пример за партизација, самоволие и непочитување на државата.

- СДС е партија во која лидерот Заев се заканува дека ќе брка од чистачка до министер, а пратеникот им вели дека втора лична карта во државата е партиската членска книшка. СДС им порача на граѓаните дека ако сакаат да се вработат, да земат социјална помош, да им се пружи помош од доктор, да извадат имотен лист или да се запишат на факултет, права кои инаку им се загарантирани со Уставот и законите, мора задолжително да имаат членска книшка од СДС, изјави  Костовски Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Посочи дека СДСМ досега не ја осуди и не ја негираше оваа изјава.

Реакцијата на Заев, како што рече, беше половична, амнестирачка и недоволна за големината на ваквото скандалозно признание.

- Ова е голем скандал со кој практично СДС на граѓаните им вика дека партијата всушност е државата. Ова претставува уцена на 2 милиони граѓани. Затоа јавноста бара и очекува реакција од СДС кон нивниот пратеник кој им посочи на граѓаните дека за да може да опстојат во оваа држава мора да имаат членска книшка од СДС, рече Костовски. 

Тој истакна дека СДСМ мора да покаже одговорност и веднаш да го исклучи Дудуш од пратеничката група и од партијата, а во спротивно, како што рече, ќе сметаат дека целосно се согласуваат и го поддржуваат неговиот став.

Костовски одговарајќи на новинарско прашање рече дека надлежните инстититуции се подготвени за претстојните локални избори. 

 

 

 

27.06.2017 - 13:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега