Нимиц доаѓа во Скопје до крајот на неделава

Специјалниот претставник на Обединетите нации и медијатор за разликите за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц до крајот на работнава недела доаѓа во Скопје, објави Македонската радио телевизија повикувајќи се на извори во Вашингтон.

Нимиц ќе ја посети само Македонија, а не и Атина. Предвидени се средби со државниот врв.

Нимиц пред неколку недели, во интервју за грчки весник, изјави дека решавањето на прашањето за името треба да биде високо на агендата на новата Влада. 

 

 

 

27.06.2017 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега