Мицотакис: Скопје нема да влезе во НАТО со привемената референца

Лидерот на грчката најголема опозициска партија Нова Демократија Кирјакос Мицотакис изјави дека Грција нема да дозволи Македонија да влезе во НАТО без претхдно да се реши прашањето за името.

Грчкиот интернет портал „Политико“, за кого Мицотакис дал интервју, коментира дека „новата Влада во Скопје прави напори за приближување кон Атина со надеж дека Грција ќе ја повлече десетгодишната блокада за влез на Скопје во НАТО“.

- Тоа нема да се случи, истакна Мицотакис. 

Сепак, тој изразува оптимизам дека „премиерот Зоран Заев ќе биде конструктивен“.

 

 

 

27.06.2017 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега