Ноќта пред Видовден е посебна: Девојки вечерва направете го ова, ќе ви се исполни посебна желба

Православната црква и нејзините верници утре го слават Видовден, празник за кој се поврзани бројни верувања и обичаи.

На Видовден најмногу му се радуваат девојките, бидејќи вечерва би можело да дознаат кој ќе им биде идниот сопруг.

Имено, се верува дека видовитата трева која порано се сметала за билка за гатање, може да им открие кој ќе биде нивниот иден сопруг. Ноѓта пред Видовден девојките земаат малку од таа трева, парче леб и малку сол и ги ставаат под перница, а потоа ги кажуваат овие зборови:

„Виде, Виде! Еве ти сол, земја, леб и небо, кажи ми кој ќе ми биде суден. Нека ми дојде во сон.“

Според верувањата девојката оваа вечер ќе го сонува идниот сопруг.

Постои уште едно верување, а тоа е дека видовитата трева им помага на немажените за кратко време да го запознаат идниот сопруг. На Видовден растат два вида треви: видовчица- со црвена боја и мал цвет, модра вида- со сличен цвет. Треба да се пронајдат двете, да се наберат и да се стават под перница. Потоа пред спиење да го изговорат следново:

„Све Виде, невиден, дојди најдраг мој суден, дојди вечерва во мојот сон, дојди на мојот прв состанок.“

Како што се верува девојките кои ќе го сторат ова во наредните денови ќе го запознаат својот иден сопруг.

 

 

 

27.06.2017 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега