Средба Груевски - Бејли: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи реформите кои се од интерес на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги подржи реформските агенди важни за интеграциите во Европската Унија за кои ќе се оцени дека би биле од интерес на граѓаните. Овој партиски став лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски му го соопштил на американскиот амбасадор Џес Бејли на денешната средба. 

- Соговорниците разговараа за актуелната состојба приоритетите и предизвиците на државата. Беше констатирана заложбата Република Македонија што поскоро да добие позитивна одлука за членство во НАТО, што и преставува стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 

На средбата била истакната и потребата за дебата во однос на значајните одлуки и законски решенија.

На средбата со американскиот амбасадор присуствувал и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Никола Тодоров.

 

 

 

27.06.2017 - 19:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега