Време: Вистински пекол до недела - потоа големо намалување на температурите

Поради изразено југозападно воздушно струење и прилив на многу топла воздушна маса, во наредните денови ќе биде уште потопло со натпросечни температури на воздухот. Од четврток до сабота во поголемиот дел од земјава максималната температура ќе надмине 35, а вдолж Повардарието и 40 степени. Во четврток ќе дува засилен југозападен ветер.

Во недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник, поради нагол продор на влажна и посвежа воздушна маса од север, ќе има врнежи од дожд и грмежи, а од понеделник и значително опаѓање на температурата за повеќе од десет степени во однос на претходните денови

 

 

 

27.06.2017 - 19:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега