РСБСП со предупредување: Учесниците во сообраќајот да консумираат течности и да прават почести паузи

Возачите, велосипедистите и пешаците да избегнуваат патување во периодот од 12 до 16 часот, да  консумираат повеќе течности и да прават почести паузи, препорачува Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, поради топлотниот бран кој ја зафати Република Македонија.

РСБСП препорачаува задолжително при влегување или излегување од возилото да се направи постепена аклиматизација и температурно прилагодување и постепена адаптација, бидејќи наглите промени на температурата можат да предизвикат здравствени проблеми кај возачите кои сериозно може да ја загрозат безбедноста во сообраќајот.

- Високите температури предизвикуваат пад на концентрацијата и дефокусираност, чувство на паника, несигурност и раздразливост кај возачите и останатите учесници во сообраќајот, а топлото време и високите температури го продолжуваат сопирачкиот пат на возилото, за што е неопходно е да се држи безбедно растојание меѓу возилата и да се почитуваат ограничувањата за брзината. Да не се вози слалом, да не се пристигнуваат колони со возила и пешаци, препорачуваат од РСБСП.

Од РСБПС апелираат возачите да покажат повисоко ниво на толеранција кон пешаците и велосипедистите, и во духот на сообраќајната култура и личниот бон тон, секој возач треба да има предвид дека пешаците и велосипедистите се тие кои се директно изложени на жешкото сонце

РСБСП ги потсетува возачите дека за безбедно и удобно учество во сообраќајот е задолжителна проверка на притисокот на гумите, проверка на течностите за разладување на моторот,  проверка на течностите за бришачите, клима уредот, акумулаторот и задолжително поголема количина на гориво во резервоарот.

 

 

 

28.06.2017 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега