ВМРО-ДПМНЕ обвини за незаконско именување на непрофесионални кадри

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека новата Влада продолжува со незаконски именувања на непрофесионални и некомпетентни кадри на одредени институции.

Емилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека најнов пример за тоа е именувањето директори на Службен весник, Државниот завод за статистика, Агенцијата за млади и спорт, Државниот архив и Агенцијата за државни службеници.

- Ниту еден од споменатите и за оние кој согласно закон е предвидено задолжително познавање јазик, нема приложено сертификат. Разрешувањата се направени без претходен оглас, рече Александрова.

Таа посочи дека новиот директор на Агенцијата за администрација е член на Извршниот одбор на СДСМ што е противзаконско бидејќи директор на Агенцијата за државни службеници не смее да биде лице кое е член на органите на политичка партија.

- Со неговото предложување Владата на СДС го крши законот и наместо професионализација сака да спроведе груба партизација на администрацијата. Дополнително не постои никаков законски основ за отповикување на досегашниот директор согласно законот за државни службеници, рече Александрова.

Според неа, спорно е и назначувањето на директорите на Службен весник и на Агенцијата за млади и спорт. 

- Овие кадри не може да донесат ниту просперитет, ниту сигурност. Имаме еклатантно кршење на законите и полнење со непрофесионални кадри, Владата на СДС спротивно на закон предложи за директор член на највисокото партиско тело, како и низа други отстапки, рече Александрова, апелирајќи да реагираат управниот инспекторат и трудовата инспекција.

 

 

 

28.06.2017 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега