Бејли: Време е за градење единство меѓу партиите и заедниците

Американскиот амбасадор Џес Бејли се обрати синоќа во Амбасадата на свечениот прием, кој традиционално се организира по повод 4 Јули – Денот на независноста на САД.

- Мостот е моќна метафора за врски и напредок. Да се градат мостови значи да се зближат луѓето, да се надминат разликите и да се оди напред. Јас ја гледам Амбасадата на САД како еден таков метафоричен мост, бидејќи работиме со Македонија и со нејзините граѓани врз основа на заеднички вредности со цел да се движиме напред кон остварувањата на заедничките цели, истакна Бејли.

Според него, во Македонија е време за градење единство меѓу партиите и заедниците, за да се постигне заедничка цел – безбедна, просперитетна и демократска Македонија која се движи кон НАТО и ЕУ.

Инаку, на свеченоста присуствуваа премиерот Зоран Заев, претседателот на собранието Талат Џафери, министри, пратеници, како и колеги од дипломатскиот кор. Присуствуваа и Кирил Миноски и Виктор Мизо од ВМРО-ДПМНЕ и Стевчо Јакимовски од ГРОМ.

ВИДЕО: Макфакс

 

 

 

30.06.2017 - 09:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега