Слично е на сончаница но може да убие - денеска +40, ова се симптоми на топлотен удар

Овие денови е пекол, за денеска се најавени температури над 40 степени. Внимавајте бидејќи болниците се полнат, а топлотниот удар има симптоми како сончаница, но може да ве убие.

Се препорачува да не се излегува до 17 часот, да се носи лесна и светла облека, да се пие многу вода и течности, да се пие терапијата кај хронично болните лица.

Најважно е да знаеме како да се заштитиме од топлотен удар и кои се неговите симптоми. Симптомите се дехидрираност, сува уста, умор, омалаксаност, општа слабост на телото и мускулите и несвестица.

Потребно е при ваква состојба да се легне лицето, да пие течности, да се стави инфузија, да е под постојан лекарски надзор.

 

 

 

30.06.2017 - 10:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега