УХМР со предупредување: По пеколот следи силно невреме

Утре нашето подрачје сеуште ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса и времето ќе биде многу топло со натпросечни температури на воздухот. Максималните температури вдолж Повардарието и во јужните делови ќе го надминуваат 40-тиот степен.

 В недела од север ќе се спушта посвежа воздушна маса што ќе предизвика на повеќе места нестабилно време со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи, особено попладне. Локално е можна и појава на невреме.

 В понеделник ќе преовладува променливо и свежо време со локален дожд.  Во недела ќе дува умерен, а во понеделник и вторник засилен ветер од северен правец, кој ќе предизвика значително опаѓање на максималната температура, која во понеделник ќе биде најниска (во интервал од 21 до 29 степени).

 Од вторник ќе има стабилизрање на времето, температурата ќе биде во благо покачување.

 

 

 

30.06.2017 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега