Еве колку тежи анкетниот лист на Анѓушев

Анкетниот лист на потпретседателот на Владата, Кочо Анѓушев, тежи околу 27-28 милиони евра. 

Во својот анкетен лист тој навел дека поседува една куќа и пет стана во Скопје, куќа на халкидики како и стан во Белград. Пријавил и деловни простории во Скопје, а најголема вредност има уделот во групата Фероинвест, каде тој е содружник со 80 посто од акциите, или 21 милиони евра.

Неговата сопруга пак ја има фирмата Офисрент, со вредност од 630.000 денари.

Во неговиот возен парк има Масерати, Порше, Мини Катримен. Пријавил и луксузни чанти и часовници.

Тој нема да ја зема платата, а прите ќе ги дава во хуманитарни цели.

 

 

 

 

 

30.06.2017 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега