Колариќ: Министрите милионери на СДСМ, очигледно продаваа магла а се збогатуваа

Интегрален текст од прес конференцијата на ВМРО- ДПМНЕ при што се обрати Светлана Колариќ.

Бидејќи СДС беше партијата која тврдеше дека постои наводен режим и диктатура сите овие изминати години јавно ја прашуваме како е можно токму во тој период нејзините сегашни министри да спечалат по неколку стана, хациенди на море, деловни простории и дуќани и да имаат огромни депозити во банка.

Или правеле криминал или лажеле и манипулирале дека постои наводен режим и недемократија со цел да се доберат до фотељи.

          Еве неколку примери:

          Под услови на наводен режим вицепремиерот на владата на СДС Кочо Анѓушев се стекна со капитал од над 28 милиони евра лично богатство?

         Како под наводна диктатура Анѓушев заработил 5 стана во Скопје, деловни простории и куќа во Скопје, стан во Белград, куќа на Халкидики?

          Кој е рецептот при што во наводна диктатура ќе се стекне вицепремиерот на владата на СДС со автомобилски брендови како Масерати, Порше, уметнички слики, златен накит и Ролекс  часовници?

          Како премиерот Заев под услови на наводен режим според лично признание заработил 6 до 7 милиони евра богатство.

          Како Заеви од просечно земјоделско семејство дојдоа до фирми кои за 10 години направиле обрт од 200 милиони евра?

          Како министерката без ресор во владата на СДС Зорица Апостолова стигнала до имот од половина милион евра, 3 куќи и стан?

          Како семејството на Шекеринска стасало до 4 стана од кој е познато дека дел си ги рента самата на себе отворајќи притоа скандал со перење на пари?

          Министрите милионери на СДСМ, очигледно продаваа магла кога јавноста ја убедуваа дека постои режим и диктатура. Нивната борба беше за фотељи, власт и бенефиции, на сметка на обичниот и работен народ. Нивната борба е борба за зграбување на привилегии и лично богатство.

 

 

 

 

 

01.07.2017 - 15:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега