ВМРО-ДПМНЕ: На повидок е голем скандал, ги повикуваме Таравари и владата на СДСМ да се вразумат

 

 

На повидок е огромен скандал. Министерот Таравари најави, а владата на СДС ќе спроведе прекин на проектот за изградба на нов клинички центар. Ова ќе предизвика огромна финансиска штета на проект за кој веќе се обезбедени парите, и за кој е потпишан договор за градба. Освен тоа што во ветар ќе отидат 72 милиони евра, Република Македонија граѓаните ќе плаќаат и финансиски пенали поради непочитување на договорот за градба. Најголемата загуба е по здравјето, односно граѓаните најмалку уште десетина години доколку сега се прекине градбата нема да добијат нов клинички центар.

 Прво, Таравари ја манипулира целокупната јавност дека проектот предвидува изградба на објект само за интерни клиники и со тоа го минимизира неговото значење. Целокупниот проект чини околу 72 милиони евра и предвидува интегриран објект на клиничкиот комплекс со кој се предвидува изградба на нов Клнинички блок, нова зграда на лаборатории и адаптација и реконструкција на зградата на Хируршките клиники која ќе биде интегрирана со новиот објект, а постоечките објекти на останатите клиники како  Онкологија или клиника за гинекологија и акушерство ќе бидат поврзани со топли ходници и на тој начин ќе се обезбеди интегриран објект.

Пластично, тоа значи дека ќе може пациентите од клиника во клиника да одат без да излезат надвор, а не како што сака да ги задржи Таравари, под секакви временски услови да се излегува надвор. Да не го споменуваме и предвидениот нов и современ ургентен центар или пак зградата за лабаратории поврзани со пневматски транспортен систем за био материјали

Второ, целокупниот проект е правен и воден во координација со банка на советот на европа и оттука се поставува прашањето дали во наводната ревизија која тој ја направил за неколку дена увидел грешки во постапките на оваа реномирана европска финансиска институција. Ова само говори каков непрофесионален и неодговорен пристап во работата има актуелната власт и актуелниот министер Таравари.

Трето, проектот веќе е готов и за него се обезбедени средства и на Таравари му останува само да го изгради, а не да наоѓа изговори за својата неспособност и да реализира нарачки од Зоран Заев за опструкции. За неговите манипулации со јавноста дека ќе градат нов клинички центар надвор од Скопје го упатуваме кај неговиот колега министер Бујар Османи, кој е поранешен министер за здравство и кој многу добро е упатен во трошоците за изградба на нов клинички надвор од Скопје. Таков објект ќе чини најмалку 450 милиони евра. Тоа значи дека ако Таравари го стопира проектот кој само треба да почне да го гради, тогаш тоа ќе значи 6 и пол пати повеќе пари и најмалку уште 10 години во кои пациентите нема да имаат современи услови за лекување.

Се поставува прашањето дали зад оваа опструкција на Заев и Таравари можеби се крие некој бизнис интерес кој ним им е поголем отколку интересот на граѓаните и пациентите.

Го повикуваме Таравари и владата на СДСМ да се вразуми. Од нив граѓаните очекуваат да работат, а не да бараат изговори. Еве реализацијата на веќе готов и финансиски покриен проект да отпочне да го реализира. Граѓаните заслужуваат да имаат современи медицински услуги кои ќе им ги овозможи токму овој интегриран објект на клиничкиот комплекс Мајка Тереза.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

01.07.2017 - 15:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега