Повторно пресврт во температурите - дожд и грмежи на повидок

МАКСИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

41 Скопје-З.Рид ,Штип,  Д. Капија, Гевгелија, 39 Скопје-Петровец, Прилеп, Виница, Битола, 38 Струмица, Тополчани, 37 Тетово, 36 Ѓуриште, Кр. Паланка, Охрид, 35 Берово, Претор, 34 Пожаране, 29 Маврово, Лазарополе.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Сончево и многу топло. Попладне имаше појава на умерена облачност и започна да дува умерен до засилен ветер, претежно од југозападен правец. Во повеќе места ветерот достигнуваше брзина од 50км/ч.

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Сончево и многу топло, со мала до умерена облачност и со умерен до засилен југозападен ветер. Во вечерните часови ветерот ќе ја намали брзината.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Претпладне сончево и топло со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне и во вечерните часови  од север ќе се спушта посвежа воздушна маса што ќе предизвика на повеќе места нестабилно време со поројни врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има услови за појава на невреме. Дневните температури ќе опаѓаат, почнувајќи од северните делови за околу 5 степени, а во  јужните делови сеуште ќе се задржи многу топло. Т-мин. од 16 до 24 а т-макс. од 31 до 40 степени. УВ=8. Во Скопје претпладне ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Т-ра  20 / 35 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

 

Во понеделник ќе преовладува променливо обчачно и свежо време со локален дожд. Во понеделник и вторник ќе дув аумерен до засилен ветер од северен правец, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата, за уште десетина степени. Потоа ќе има стабилизрање на времето, а температурата ќе биде во постепено покачување.

 

 

 

01.07.2017 - 18:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега