Ова се вчерашните пеколни температури- од утре пониски за 12°С

На врвот на табелата со највисока измерена темпратура во Македонија вчера се најде Штип, каде УХМР измери максимални 41°С, додека само за 0,2°С пониска температура беше измерена на Зајчев Рид во Скопје, објави Метеопро.

Целосниот преглед на максималната вредност низ мерните места на УХМР е даден на насловната табела.

Мал пад на температурата очекуваме денес, за околу 4°С до 5°С, позначаен пад на температурата очекуваме во понеделник, кога максмалната температура во однос на вчерашната би била пониска за околу 12°С.

Во текот на ноќта кон понеделник можни се и повремени врнежи во северозападниот регион.

 

 

 

 

02.07.2017 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега